Линкови за пристапност

Во експлозија на рудник во Пакистан – 21 загинат


Уште дваесетина рудари се водат за исчезнати по несреќата

Бројот на загинати од експлозијата на метан гас во рудникот за јаглен во југозападен Пакистан се искачи на најмалку 21 рудар. Официјални пакистански лица соопштија дека уште дваесетина други се водат за исчезнати и се стравува дека се загинати.

Локалните власти јавија дека експлозијата се случила во неделата околу 1200 метри во под земја во окното на рудник 35 километри источно од Куета, главниот град на провинцијата Балучустан. Рудникот е во сопственост на државната Корпорација за развој со минерали во Пакистан.

Главниот инспектор за безбедноста на рудниците во провинцијата, Мохамад Ифтикар, рече дека присуството на метан гас ја отежнува спасувачката операција.

Ифтикар рече дека експлозијата причинила уривање на дел од рудникот и дека шансите исчезнатите рудари да се живи се мали.

XS
SM
MD
LG