Линкови за пристапност

Во поплавите во Пакистан загинаа 1.400 лица


Во поплавите во Пакистан загинаа 1.400 лица
Во поплавите во Пакистан загинаа 1.400 лица

Спасувачките напори се` со забавено темпо поради поплавени патишта и уништените мостови и далноводи

Дождот продолжува да паѓа во северозападен Пакистан, каде се случува најголемата поплава во историјата на овој регион, што однесе најмалку 1.400 животи.

Спасувачките напори се` со забавено темпо поради поплавени патишта и уништените мостови и далноводи.

Обединетите нации проценуваат дека од поплавите се погодени три милиони луѓе.

Некои преживеани се пожалија за владиниот одговор на несреќата. Фондот на ОН за деца јави дека има итна потреба од храна и чиста вода, како и дека опасноста од зарази е голема грижа.

Програмата за храна на ОН јави дека се работи во најтешко погодената област во Пешевар, Мардан, Чарсада и Ношера. Програмата индицираше дека околу два милиони луѓе во регионот имаат недостиг од храна.

XS
SM
MD
LG