Линкови за пристапност

Пакистан блокираше пат преку кој НАТО врши достава


Пакистан блокираше пат преку кој НАТО врши достава
Пакистан блокираше пат преку кој НАТО врши достава

Камиони со намирници и цистерни со нафта за меѓународните сили во редици чекаат на граничниот премин Торкам

Пакистан блокираше витална линија на достава за НАТО-силите во Авганистан по пограничниот воздушен напад што го изврши Алијансата, а во кој, според Пакистан, загинале тројца војници на оваа земја.

Камиони со намирници и цистерни со нафта за меѓународните сили во редици чекаат на граничниот премин Торкам во племенскиот регион Кибер, со часови по нападот од НАТО – четврти за кој јавуваат Пакистанците во изминатите денови.

Пакистански претставници наведуваат дека конвоите биле запрени од безбедносни причини, но не даваат детали.

Пакистанската армија четвртокот соопшти дека хеликоптери на НАТО нападнале паравоен контролен пункт во племенскиот регион Курам бо влизина на границата со Авганистан. Армиски портпарол соопшти дека пакистанските сили испукале предупредувачки истрели кон хеликоптерите, кои , пак, одговориле со проектили, при што загинале тројца војници, а тројца биле ранети.

Пакистанските власти јавуваат и за друг воздушен напад на НАТО во близина, но таму немало повредени.

НАТО наведува дека хеликоптерите кусо време четвртокот престојувале во пакистанскиот воздушен простор, целејќи врз милитанти кои се обиделе да нападнат база на коалиционите сили во авганистанската покраина Пактиа. Според Алијансата, по првичниот напад, на хеликоптерите бил отворен оган од преку границата, по што тие навлегле во пакистанскиот воздушен простор во самоодбрана и убиле неколкумина вооружени лица.

XS
SM
MD
LG