Линкови за пристапност

Пакистан нареди дополнително евакуирање


ОН јавија дека 800.000 луѓе се уште се отсечени од поплавите и помош може да им се достави само по воздушен пат

Пакистански официјални лица повикаа 400.000 луѓе да се евакуираат од три градови на кои им се закануваат нови поплави.

Властите издадоа предупредување откако реката Индуа излезе од коритото во јужната провинција Синд. Опасност им се заканува на Сиџавал, Мир Пур Баторо и Даро.

Поплавите почнаа пред скоро еден месец. Најмалку 1600 Пакистанци го загубија животот, а милиони се раселени.

ОН јавија дека 800.000 луѓе се уште се отсечени од поплавите и помош може да им се достави само по воздушен пат.

Пакистанските власти работат на зајакнување на заштитните насипи и евакуираат десетици илјади луѓе од јужните региони на кои им се закануваат дополнителни поплави неделава.

Во меѓувреме, американски генерал е убеден дека пакистанската армија ќе продолжи да војува против бунтовниците и покрај тоа што одделува големи ресурси за справување со природната непогода.

XS
SM
MD
LG