ОН соопштија дека само дел од погодените од поплавите во Пакистан добиле било каква помош.
Официјални лица од Светската организација ги повикаа државите да ги претворат заложбите и ветувањата во конкретни донации.
Засега ОН јавија дека примиле околу 35 проценти од 460 милиони долари колку што побараа минатата недела.
Светската банка соопшти дека ќе обезбеди 900 милиони долари за хуманитарните операции.
Банката најави дека 10 милиони долари ќе бидат пренасочени од други проекти со цел да се обезбеди гориво, челик и цемент – кои се неопходни намирници за почетните фази на обнова.
Не е прецизирано каде ќе бидат потрошени парите.
Програмата за храна на Светската банка објави дека води битка за расчистување на патиштата и мостовите во многу области, кои, пак, се достапни само со хеликоптер. Преку оваа програма досега се обезбедени едно-месечна достава на храна за околу еден милион лица откако почнаа поплавите.