Линкови за пристапност

Глас: Граѓаните во Македонија се пријателски кон меѓународните набљудувачи


Глас: Граѓаните во Македонија се пријателски настроени кон меѓународните набљудувачи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Глас: Граѓаните во Македонија се пријателски настроени кон меѓународните набљудувачи

Тифани е американска државјанка, волонтерка – набљудувач на избори за ОБСЕ

За личното искуство како меѓународен набљудувач од ОБСЕ при гласањето за референдумот во Македонија, набљудувачката Тифани Глас, вели:

„Моето искуство е многу позитивно како меѓународен набљудувач. Процесот беше разбирлив и мина без никакви проблеми. Беше мошне транспарентен“, изјави Глас.

Во Македонија имала поддршка со локален возач и преведувач во општините во кои ги покривала на гласачките места. Вели, во Македонија била со уште 200 меѓународни набљудувачи. Лично, имала задача да го следи гласањето во Куманово.

„Неколку дена пред гласањето се сретнавме со официјални лица од општината. На денот на гласањето посетивме 12 гласачки места во Куманово и го следевме гласањето“, коментира Глас.

Ја окарактеризира како извонредна соработката на Државната изборна комисија со претставниците од ОБСЕ. Македонија и е` 5-та мисија на Глас во својство на меѓународна набљудувачка. Следела гласања во Казахстан, Таџикистан, Белорусија и Молдавија. За Гласот на Америка, направи споредба за искуството од другите држави со последното – во Македонија.

„Генерално, во Куманово, гласачите места беа помали, физички, но и според избирачкиот список. Во Казахстан на избирачко место, гласаат неколку илјади во Македонија, по стотина“, коментира набљудувачката за ОБСЕ.

Друга разлика е, вели Глас, е што во Македонија фокусот околу референдумот не беше ставен на излезноста, туку на кампањата околу него, поради консултативниот карактер. Ја прашавме - дали повторно би ја посетила Македонија:

„Апсолутно. Без размислување. Пред референдумот го посетив Скопје, Куманово, бев во Охрид. Земјата е прекрасна. Имав задоволство да сум во Македонија кога се прави ајвар и да научам како се подготвува. Граѓаните се многу пријателски настроени, и кон меѓународните набљудувачи“, завршува Американката Тифани Глас.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG