Линкови за пристапност

Предвидувања кој ќе се закити со Оскар


Предвидувања кој ќе се закити со Оскар
Предвидувања кој ќе се закити со Оскар

83-тото доделување на Оскарите е закажано за недела, 27-ми февруари во Холивуд

Уште пред да започне церемонијата на доделувањето на Оскарите во Театарот Кодак во Лос Анџелес, филмските критичари веќе типуваат на Колин Фирт за улогата во „Говорот на Кралот“, Кристијан Бејл и Мелиса Лио за споредни улоги во „Борецот“.

Иако филмот „Социјална мрежа“, што се бави со основачите на Фејсбук, доби најмногу награди на почетокот на сезоната на признанија, „Говорот на кралот“ го сврте текот на настаните со добиентите признанија од Здруженијата Гилд на продуцентите, режисерите и актерите.

„Мислам дека `Говорот на кралот` ќе освои Оскар за најдобар филм“, прогнозира Роберт Осборн од Тарнер Класикс.

„Се работи за филмско остварување по вкусот на Академијата за филмски ументости. Тоа е тематика за која никогаш претходно не е разговарано и е направена на мошне интересен начин. Прекрасно актерство. Многу добар филм“, коментира Озборн.

Тој типува и на изненадувања. Вели, Анет Бенинг (која инаку досега нема освоено Оскар) со улогата во „Децата се во ред“ би можела да победи пред досегашната фаворитка на критичарите, Натали Портман во „Црниот лебед“.

За режија, очекувањата се дека со Оскар ќе се закити Дејвид Финчер за „Социјална мрежа“. Критичарите сметаат дека тајмингот на филмот, со се` поизразенато влијание на Фејсбук, може да му ја донесе златната статуетка.

83-тото доделување на Оскарите е закажано за недела, 27-ми февруари.

XS
SM
MD
LG