Линкови за пристапност

Снимка со гласот на бин Ладен кружи по интернет


Снимка со гласот на бин Ладен кружи по интернет

Американска група за следење на терористички активности објави дека нова аудио лента наводно со гласот од лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен се појавила на интернет и зборува за неодамнешните поплави во Пакистан.

Единаесетминутната снимка, поставена на милитантни веб-страници, се фокусира на хуманитарните напори и што може да се стори да се спречат природни катастрофи во иднина.

Разузнавачката група SITE вели дека пораката се слуша во видео на кое се покажува фотографија на бин Ладен врз слики на распределување на помош.

На снимката бин Ладен наводно повикува на создавање хуманитарни групи кои ќе ги истражуваат муслиманските региони кои се лоцирани во близина на реки и ниски области. Тој исто така повикал на поголемо инвестирање во земјоделството.

Засега нема независна верификација на автентичноста на снимката.

Повеќе од 1.700 луѓе го загубија животот во поплавите во Пакистан, а стотици илјади други се раселени.

XS
SM
MD
LG