Линкови за пристапност

Баријатриска операција некомпатибилна со алкохол


Операција за дебелина и алкохол
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00
Direct link

Операција за дебелина и алкохол

Операција на гастритичен бајпас е успешен метод за намалување на тежината, но нова студија покажа несакана спорадична појава.

Лиса Стреб е речиси 45 килограми полесна откако била подложена на гастритична бајпас хирургија.

Таа вели дека се чувствува подобро, дека има повеќе енергија, сака да правам работи што никогаш порано не ги правела и не е фокусирана на храна, како порано.

Стреб е меѓу среќните кои пред операцијата биле советувани да внимаваат на алкохолот:

Таа знае дека алкохолот може да му наштети на стомакот. „Дел од тоа на што внимавам сега е заштита на стомакот, по секоја цена“, вели таа.

Речиси 2500 пациенти на кои е извршен некој вид баријатриска бајпас операција во 10 американски болници, биле следени во студија да се утврди дали процедурата може да го зголеми ризикот од злоупотреба на алкохолот или создавање зависност.

Венди Кинг е една од авторите на студијата од Универзитетот во Питсбург.

Таа вели дека во првата година по операцијата – немало големи промени. Втората година 10.7 проценти пријавиле симптоми, што е над 50 проценти зголемување.

Една од најчесто практикуваните хируршки зафати е познат како Руинвај. Притоа се намалува и должината на тенкото црево, и алкохолот брзо минува, а со тоа и апсорпцијата е побрза. Некои изјавиле дека имаат тешкотии да ја контролираат количината на алкохол што ја конзумираат.

Друг тип на операција, позната како Приспособено гастритично подврзување, што е помалку инвазивно и нема отстранување на делови од стомакот и цревата – не покажала ваква нуспојава врзана со алкохолот.
Поуката е - советувајте се со лекарот за сите аспекти на зафатот пред да го прифатите.
XS
SM
MD
LG