Линкови за пристапност

Само во Америка: Собирачи на сешто


Само во Америка: Собирачи на сешто
Само во Америка: Собирачи на сешто

Ќе зборуваме за – необични музеи

Ајде да зборуваме за музеите. Не за оние, уметничките, како на Институцијата Смитсониан со многу галерии низ Вашингтон, или Музејот Метрополитен во Њујорк.

Ќе зборуваме за – необични музеи.

Американците може да бидат уникатни во чување и покажување на разни невообичаени, честопати некорисни предмети во мали колекции, посветени на само една тема.

Некаде во Америка, на пример, може да најдете музеј на сол или на школки, музеј посветен на спални соби, правосмукалки, садови за правење на пуканки, переци, печурки или труби!

Во Минеаполис, сојузната држава Минесота, има еден навистина необичен музеј, но основачот и движечката сила на музејот, Роберт Мекој, почина во мај. Повеќето од неговата колекција сега е префрлена во поголем музеј од другата страна на реката Мисисипи.

Мекој се гордеел со својот Музеј на сомнителни медицински направи – голема соба со вакви апаратчиња и светла што трепкаат. Сите тое некогаш биле рекламирани како магични справи за лекување се` - од рамни табани до рак. За некои дури се тврдело дека регенерираат органи што недостасувале!

Заедничко за сите нив – е што не функционирале. Повеќе биле лажни, и имале цел да им ги земат парите – на очајните и лесноверните.

Боб Мекој бил продавач, но и голем скептик. Почнал да ги собира овие бизарни медицински направи и направил голема колекција.

Некои колекции се` уште постојат. Ако го посетите музејот за наука во Минесота, Сент Пол, ќе најдете дел од колекцијата. Но кога сте веќе таму, прво треба да ја видите ексцентричноста на Минесота, во музејот посветен на електрицитетот и електомагнентната резонанца. Тука дефинитивно ќе најдете направи, како оние за кои погоре зборувавме, лажни, кои никогаш не функционирале.

XS
SM
MD
LG