Најстарата личност во светот Џерелиан Тали го прослави 116-от роденден на црковен собир во северната сојузна држава Мичиген.
Тали живее во предградие на Детроит, а својата долговечност ја поврзува со нејзината верба во Господ.
Родена на 23-ти мај 1899-та, Тали стана најстарата жена во светот откако Гертруда Вивер почина на 116-години во Арканзас во април, според Герантолошката истражувачка група, која ги следи најстарите луѓе во светот.
Таа никогаш не пушела ниту пиела алкохол. Единствена операција во животот имала кога и` ги извадиле крајниците.