Линкови за пристапност

Фрустрираниот“ Обама бара одговори за стопирање на истекувањето на нафтата


The oil spill threatens Gulf grouper. But prices have not increased yet.
The oil spill threatens Gulf grouper. But prices have not increased yet.

Официјални лица од американската администрација го опишаа претседателот како „многу фрустриран“

Американскиот претседател Барак Обама во петок има средба со советниците во Белата куќа на која ќе се разговара за следните чекори за запирањето на подводното излевање на големо количество нафта во Мексиканскиот Залив.

Официјални лица од американската администрација го опишаа претседателот како „многу фрустриран“ дека компанијата чија одговорност е да го спречи понатамошното излевање - Бритиш Петролеум - не успеала да го стори тоа и по три недели откако се случи експлозијата во која потона нафтената платформа.

Обама ќе ја брифира јавноста по неговите дискусии за напорите за стопирање на излевањето како и за помошта што ќе им биде доставена на погодени заедници во неколку сојузни држави кои излегуваат на Мексиканскиот Залив.

Официјални лица од БП во меѓувреме најавија дека се подготвуваат за уште еден обид да инсталираат цевка која би ја испумпувала нафтата до танкер на површината на водата.

XS
SM
MD
LG