Американската сенатска делегација патува за јужната држава Луизијана да изврши увид на одговорот на БП на излевањето нафта во Мексиканскиот залив.
Министерот за внатрешни работи Кен Салазар и секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано се дел од делегацијата која ќе ја надлета областа која е најмногу погодена со излевањето.
Салазар рече дека нема доверба во напорите на нафтената компаниа БП да го запре излевањето и да ја собере нафтата од површината на водата.
Тој рече дека владата е подготвена да ја преземе контролата со операцијата ако БП не успее.
Гувернерот на Луизијана Боби Џиндал ги критикуваше БП и официјални претставници на федералната влада заради малите ресурси што ги добил за заштита на крајбрежјето.
Џиндал рече дека првиот бран на нафта стигнал на 100 километри од крајбрежјето и како што наближува ново количество, неговата држава мора да ги преземе работите во свои раце.