Линкови за пристапност

Почеток на операцијата за трајно затварање на оштетениот нафтен бунар


Екипите се подготвуваат за првиот чекор, таканаречен „статик кил“, што значи притисок однадвор со густа течност, и ако успее, тогаш отворот ќе се зацементира

Процесот во две фази за трајно затварање на подводниот бунар од кој истекуваше нафта во Мексиканскиот залив може да почне уште денеска, на 104 дена по катастрофата на нафтената платформа на Бритиш петролеум.

Екипите се подготвуваат за првиот чекор, таканаречен „статик кил“, што значи притисок однадвор со густа течност, и ако успее, тогаш отворот ќе се зацементира.

Вториот чекор од процесот користи слична процедура, при што се става густа течност и цемент се` до дното на оштетениот резервоар по што ќе се зацементира трајно. Оваа процедура треба да почне по пет дена, откако ќе биде комплетирана првата фаза.

Надлежниот од администрацијата за одговор на кризата со излеаната нафта, пензионираниот адмирал на Крајбрежнатав стража Тад Ален, рече дека ќе патува во седиштето на БП во САД во Хјустон со цел да ја надгледува процедурата за трајно затварање на нафтениот бунар.

XS
SM
MD
LG