Компанијата Бритиш петролеум тврди дека веќе има потрошено 2 милијарди долари во реакцијата на големото нафтено излевање во Мексиканскиот Залив.
Британскиот енергетски гигант во изјава објавена понеделникот наведува дека во износот се вклучени трошоци за запирање на излевањето, трошоци на федералната влада, како и отштета за приватни и деловни лица.
Отккао минатата недела се согласи да воспостави фонд од 20 милијарди долари за отштета, компанијата тврди дека веќе исплатила 105 милиони за вкупно 32.000 поплаки.
Новообјавени документи на БП покажуваат дека компанијата предвидела дека во најлош случај, дневно би истекувале по 100.000 барели дневно. Овие документи ги објави американскито конгресмен Ед Марки.