Линкови за пристапност

Излеаната нафта од Мексиканскиот Залив зафатена од силно струење


Излеаната нафта од Мексиканскиот Залив зафатена од силно струење
Излеаната нафта од Мексиканскиот Залив зафатена од силно струење

Според научникот Бертранд Шапрон, нафтата најверојатно ќе допре до Флорида во рокод шест дена

Европската вселенска агенција ЕСА соопшти дека катастрофалното излевање на нафтата во Мексиканскиот Залив навлегло во моќното Кружното струење што е дел од Голфската струја, а што се движи долж заливското крајбрежје кон сојузната држава Флорида.

Според научникот Бертранд Шапрон, нафтата најверојатно ќе допре до Флорида во рокод шест дена.

Радарскиот сателит што го следи нафтеното излевање покажа дека јужниот крај на излевањето вторникот започнал да се проширува зафатен од струењето. Научниците се загрижени дека струењето би можело да ја однесе нафтата во Голфската струја, што како главно океанско струење понатаму би можело да ја донесе дури до источното американско крајбрежје.

XS
SM
MD
LG