Традиционално и оваа година, во водите на Охридското Езеро беше поставена новогодишна елка во близина на наколната населба кај Градиште.
Дваесетина нуркачи ја накитија елката со лампиони и новогодишни украси.
Поставувањето на оваа единствената ваква, подводна елка на Балканот привлекува се` повеќе туристи.
„Со китење на новогодишната елка меѓусебно си ја честитавме новата 2011 година. Им ја честитаме Новата година на сите граѓани на Република Македонија со желба за здравје и подобар живот“, изјави меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски.
Годинава учество зедоа и најмладите нуркачи од Охрид, 12-годишната Сања Ѓорѓиеска и 11-годишниот Игор Чеменоски.
Видео-линк: http://www.youtube.com/watch?v=r7oytatjzlI&feature=player_embedded