Линкови за пристапност

Меѓународна конференција во Охрид за климатските промени врз водните ресурси


Меѓународна конференција во Охрид за климатските промени врз водните ресурси
Меѓународна конференција во Охрид за климатските промени врз водните ресурси

На конференцијата учествуваат метеоролози и хидролози кои јасно повикуваат на претпазливост бидејќи првичните влијанија во светски рамки веќе се чувствуваат

Климатските промени и нивното влијание наскоро ќе се почувствуваат и во земјите на Балканот, порачаа експертите на 4-тата Светска конференција за влијанието на климатските промени врз водните ресурси што вторникот започна во Охрид.

- Во врска со водите, проекцијата нема да биде розова доколку политичките прашања останат приоритетни во балканските земји, се` додека не станат приоритетни и проектите од областа на животната средина. Богатите и развиените земји прават многу, но кај нас, во заштитата, особено во мониторингот на водите, се` уште сме премногу далеку. Погледнете го преспанскиот регион каде немаме мониторинг, а имаме катастрофални еколошки последици. Во речниот систем од 300 хидролошки станици не работат повеќе од 60“, истакна Цветанка Попоска од Градежниот факултет во Скопје.

На конференцијата учествуваат метеоролози и хидролози кои јасно повикуваат на претпазливост бидејќи првичните влијанија во светски рамки веќе се чувствуваат.

„Во Русија веќе има делови каде подземјето веќе се топи и тоа може да предизвика големи промени и проблеми. Во балканскиот регион се забележуваат разлики во флората, особено кај дрвата и нивните пониски слоеви што стануваат се` посуви. Надморската височина на која во планините растат шумите е се` повисока. Се забележуваат промени кај реката Дунав, каде во одредени делови од годината нивото на реката е пониско од нормалното. Од последните истражувања за Македонија можам да кажам дека има многу негативни промени и мислам дека сето тоа мора да се спречи“, смета Абдурахман Мустах, метеоролог од Египет.

„И таму влијанијата се чуствуваат, како врз количеството на врнежите,температурните промени, но и врз самиот океан. Температурата на океанот годишно се зголемува за еден степен - доволна за уништување на коралните гребени,од кои пак зависи опстанокот на многу видови на риби. За Балканот се очекува драстично намалување на количеството на врнежи, но потребни се подетални истражувања што ќе започнат наскоро, најави хидрологот Марк Морел.

На конференцијата во Охрид учествуваат 400 експерти од целиот свет, а се одржува во организација на Балканскиот институт за води со седиште во Монпелје, Франција и Министерствата за животна средина на Македонија и Франција.

XS
SM
MD
LG