Линкови за пристапност

Соработката меѓу полициите на Македонија и Бранденбург


Соработката меѓу полициите на Македонија и Бранденбург
Соработката меѓу полициите на Македонија и Бранденбург

Двете министерства го реализираат проектот „Охридски разговори“ веќе пет години

Безбедносните истражувања, меѓународниот тероризам со посебен акцент на исламистичкиот тероризам, илегалната миграција и трговијата со луѓе, заштитата од пожари и катастрофи и безбедноста на аеродромите се дел од темите на 10-от циклус од „Охридските разговори“ што започна средата во Охрид меѓу првите луѓе на министерствата за внатрешни работи на Македонија и Бранденбург, Германија.

„Овој проект започна во клучните моменти на Mинистерството за внатрешни работи на Република Македонија, во моментите кога полицијата беше на раскрсница за да го одбере вистинскиот пат за спроведување на реформите“, изјави министерката за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкуловска.

Досега се реализирани два „твининг“ проекти за работа на полицијата и реформи.

„Со бранденбуршката полиција поминавме низ целосна реорганизација, како во начинот, така и во методите на работа, што секако, беше позитивна промена во нашето работење и претставуваше определување на патот по кој треба да се движат реформите во македонската полиција“, додаде Јанкуловска.

За министерот за внатрешни работи на сојузната германска покраина Бранденбург, Рајнер Шпер, соработката помеѓу двете полиции е многу важна како за интеграцијата во Европската Унија, така и за мирот и стабилноста на државите.

„Во главниот град на нашата покраина, во Берлин, го градиме најголемиот аеродром што воопшто го имаме кај нас. Безбедноста на овој аеродром е една од темите кои се обработуваат овде. Исто така, тема се и пожарите и катастрофите, затоа што, ние, како покраина, имаме најмногу шуми во Германија и во тој поглед можеме да видиме како се справуваат нашите македонски колеги“, рече Шпер.

Двете министерства го реализираат проектот „Охридски разговори“ веќе пет години.

XS
SM
MD
LG