Линкови за пристапност

Српски турист претепан до смрт во Охрид

  • Сашо Митан
  • Известувач Охрид

Српски турист претепан до смрт во Охрид

Очевидците велат: Страшна беше глетката на крвавиот инцидент

Жестоката расправија започнала клубот „Хавана“, продолжила со бркотници по блиската улица, а завршила со масовна тепачка. Крвавата драма, заврши кобно за младиот 34 годишен Дејан Новаковиќ од Белград.

Очевидците велат: Страшна беше глетката на крвавиот инцидент:

„Најпрво се направи метеж во диското. Не знам за што беше расправијата но тепачката започна тука по што како фурија сите истрчаа надвор. Видов дека дечкото бегаше и викаше „помош“ вели еден очевидец кој вечерта се забавувал во ноќниот клуб заедно со својата девојка.

„Со клоци и тупаници маваа на дечкото кој беше паднат на под. Се слушаа и викотници, но во еден миг сите се разбегаа“, вели друг очевидец.

Министерството за внатрешни работи побарало од истражниот судија да даде наредба за обезбедување на безбедносните камери кои се поставени на објектите кај Поштата во Охрид. Снимениот материјал треба да помогне во истрагата за утврдување на идентитетот на учесниците во крвавата тепачка.

Во тепачката која, како што велат од МВР, се одвивала на повеќе локации со тешки телесни повреди се здобил Новаковиќ кој на патот до охридската болница починал. Неговиот другар со полесни повреди е пуштен на домашно лекување.

Потпаролот на МВР, Иво Котески вели дека се работи на утврдување на идентитетот на учесниците во тепачката и причините кои довеле до инцидентот.

Во Охрид пристигнаа и претставници од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија кои се сретнаа со надлежните органи и го потврдија идентитетот на лицето.

XS
SM
MD
LG