Американскиот претседател Барак Обама рече дека ќе преземе директна акција ако е неопходно, во одбраната на САД против терористички напади. Тој додаде дека ќе ги искористи „сите елементи на американската моќ, вклучувајќи и` армиска сила, за обезбедување на американските интереси на Блискиот исток“.
Зборувајќи пред светските лидери на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претседателот Обама повика на „последици“ од употребата на хемиско оружје во Сирија и насекаде на друго место, предупредувајќи дека во залог е кредибилитетот на меѓународната заедница.
Претходно, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја отвори годишната средба со апел до светската заедница да престане со испраќање на оружје во Сирија.
Бан апелираше „сите земји да запрат со потпалување на крвопролевањето и да стават крај на протекот на оружје до сите страни во конфликтот“.
Тој го повика Советот за безбедност да усвои „спроведувачка“ резолуција за американско-рускиот договор со цел да се стави сириското хемиско оружје под меѓународна контрола за негово идно уништување.
Обама рече дека САД сакаат „транспарентни и конкретни“ чекори од Иран за неговата нуклеарна програма. Тој истакна дека е определен да бара дипломатски начин за ставање крај на ова прашање.