Линкови за пристапност

Обама со најнизок рејтинг досега


Обама со најнизок рејтинг досега
Обама со најнизок рејтинг досега

Анкетите покажуваат дека расте бројот на незадоволни граѓани од работата на претседателот

Две нови анкети покажаа досега најнизок рејтинг на Барак Обама за неговото претседателствување во време кога се обидува ја оживее забавената економија.

Анкетата на Вашингтон Пост и Еј-Би-Си Њуз на Обама му дава само 43 процентно одобрување за работата. Вол Стрит Журнал и Ен-Би-Си Њуз покажува 44 проценти. Обете истражувања на јавното мислење сугерираат дека половина од испитаниците не ја одобруваат работата на претседателот.

Питер Харт, кој го направи истражувањето за Вол Стрит Журнал, изјави дека ако работите наскоро се тргнат во подобра насока, Обама нема повеќе да се смета за фаворит следната година на претседателските избори, за да го обезбеди реизборот.

Се очекува Обама да донесе важен говор во американскиот Конгрес в четврток, кога треба и да го објави новиот план за отварање работни места.

XS
SM
MD
LG