Линкови за пристапност

Обама на Самит на Г-20 во Јужна Кореја


Обама на Самит на Г-20 во Јужна Кореја
Обама на Самит на Г-20 во Јужна Кореја

Обама пристигна во Сеул од Џакарта, каде ја поздрави демократијата во Индонезија и духот на верска толерантност

Американскиот претседател Барак Обама им порача на партнерите на претстојниот самит на 20-те најголеми економии во светот дека нивниот просперитет е поврзан со американскиот и дека сите треба да направат промени за да обезбедат глобален растеж.

Заложбата на Обама е дел од писмото до учесниците на Групата 20 објавено по неговото пристигнување во Јужна Кореја. Во писмо Обама вели дека вредноста на американскиот долар – валутата во која се пресметуваат светските резерви, зависи од силата на американската економија. Со цел да одржат глобален растеж, рече Обама, и државите со голем трговски суфицит и оние со дефицит мора да се договорат за промени.

Обама пристигна во Сеул од Џакарта, каде ја поздрави демократијата во Индонезија и духот на верска толерантност, истакнувајќи ја земјата како пример за други муслимански нации. На Универзитетот во Џакарта, тој порача дека САД не се, ниту некогаш биле во војна со Исламот. Обама оцени дека терористичката мрежа Ал-Каида и нејзините партнери не можат да тврдат дека се водачи на Исламот или која и да е друга религија.

Американскиот претседател рече дека односите меѓу САД и муслиманските земји била заладени изминатите годин, но дека негов приоритет е да ги затопли.

XS
SM
MD
LG