Претседателот ќе патува за Форт Камбел во Кентаки лично да им се заблагодариме на елитните припадници и други членови на американската армија за нивната служба по акцијата врз седиштето на Обама бин Ладен во градот Аботабад во Пакистан.
Американски официјални лица јавија дека првичното разгледување на документите кои беа најдени при акцијата во Пакистан покажуваат дека aл-Каида разгледувала можност за напад врз недефинирани локации во САД на 10-тата годишнина од 11-ти септември 2001-ва.
Во документ од Одделот за домашна безбедност се наведува дека Ал-Каида планирала разместување на шини за возови да паднат од мост или во долини, но нема цврсти докази за тоа дали на тоа се` уште се работи.
Во меѓувреме, ЦИА објави дека нејзини агенти со месеци вршеле надгледување на седиштето на ал-Каида во Аботабад од куќа во близина на седиштето каде се наоѓал Осама бин Ладен.
Вашингтон Пост, цитирајќи американски официјални лица, наведе дека ЦИА од Конгресот во декември барала да обезбеди авторитет за пренасочување на десетици милиони долари во рамки на буџетите на одредени агенции за финансирање на „безбедна куќа“.