Кралицата Елизабета го прими американскиот претседател Барак Обама во Бакингамската палата. Ова е прва официјална посета на Обама на Британија.
Обама и сопругата Мишел на свечена церемонија беа поздравени со 41 плутон. Покрај кралицата, претседателот и првата дама ги почестија принцовите Филип и Чарлс со неговата сопруга Камила, како и војниците од Шкотската гарда кои ја исполнија американската химна. Претходно, тие имаа приватна средба со принцот Вилијам и Катрин Мидлтон.
По ручекот со кралицата, Барак и Мишел Обама положија венец во Вестминстерската опатија и се сретнаа со премиерот Дејвид Камерун и негова сопруга Саманта.
Кралицата Елизабета во чест на американскиот претседател организира државна вечера.
Претседателот Обама утре ќе има официјална средба со Камерун, на која ќе дискутираат за состојбата во Авганистан, Либија, и за економските прашања пред Самитот на Групата 8 во Франција.
Обама треба да се сретне и со водачот на британската опозиција Ед Милибанд.
Дводневната посета на претседателот Обама во Лондон е втора станица по турнејата од четири европски држави.
Во заедничка колумна во Тајмс оф Лондон, Обама и Камерун напишаа дека односите меѓу нивните држави не се само специјални, туку и есенцијални.