Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад во понеделникот рече дека е подготвен да се сретне лице-в-лице со американскиот претседател Барак Обама.
Ахмединеџад сака двајцата претседатели да ги понудат своите решенија за глобални прашања за да се види кои од нив се подобри.
Тој рече дека таквите разговори би се одржале во присуство на медиуми.
Иранскиот претседател рече дека се надева оти ќе биде во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН, што ќе се одржи во септември.
Тој говорше во Техеран пред иранските иселеници.