Линкови за пристапност

Обама во Индонезија


Обама во Индонезија
Обама во Индонезија

Вторникот стотици се наредија по дождливите улици на Џакарта за да посакаат добредојде на Обама кој во Индонезија мина четири години од детството

Американскиот претседател Барак Обама ја започна долгоочекуваната посета на Индонезија со понуда за помош по неодамнешните природни катастрофи во земјата и ветување за „сеопфатно партнерство“ во државата со најбројно муслиманско население во светот.

Вторникот стотици се наредија по дождливите улици на Џакарта за да посакаат добредојде на Обама кој во Индонезија мина четири години од детството.

На заедничка прес-конференција со претседателот Сусило Мамбанг Јудхојоно, Обама рече дека САД ќе стојат зад Индонезија и во добри, и во лоши времиња, мислејќи на неодамнешното цунами и натамошните вулкански ерупции.

Американските односи со Индонезија, според Обама, ќе се фокусираат на три области на соработка – трговија и економски прашања, заеднички предизвици, како климатските промени и безбедносни прашања. Американскиот претседател најави дека Вашингтон ќе започне нова иницијатива за поддршка на организациите кои се залагаат за граѓанско општество во Индонезија, а чија цел е борба против корупцијата.

XS
SM
MD
LG