Линкови за пристапност

Обама нуди решение за дефицитот


Обама нуди решение за дефицитот
Обама нуди решение за дефицитот

Нов обид на претседателот на САД за заживување на економијата

Во предлогот за намалување на буџетскиот дефицит на претседателот Обама се повикува на 1, 5 трилиони долари нови даночни приходи, вклучувајќи и нова минимална даночна стапка за поединци кои заработуваат повеќе од еден милион долари годишно.

Медиумските извештаи планот го нарекоа „Правилото на Бафет“, именувано по познатиот инвеститор и милијардер Ворен Бафет, кој кажа дека богатите процентуално плаќаат помал данок од оние со средни примања.

Виш официјален претставник од администрацијата на Обама најави дека во планот за намалување на дефицитот се вклучени повеќе од 1,1 трилиони долари како заштеда со повлекувањето на американските војници од Ирак и од Авганистан.

XS
SM
MD
LG