Линкови за пристапност

Разлики има, но разговорите за националниот долг се конструктивни


Разлики има, но разговорите за националниот долг се конструктивни
Разлики има, но разговорите за националниот долг се конструктивни

Претседателот и конгресните лидери се очекува да се договорат за намалување на долгот пред 2-ри август

Претседателот Обама вели дека имал „конструктивни разговори“ со конгресните лидери во Белата куќа во обид да се најде компромис за намалување на владиниот дефицит и да се дозволи зголемување на крајната граница за владино задолжување.

Обама рече дека со осуммина републиканци и демократи дискутирал за повеќе опции и ја подвлече важноста од зголемување на крајната граница за владино позајмување со цел да се избегне отежнување на работата на владата.

Тој рече дека сите се согласиле дека прашањата со задолженоста и дефицитот треба да се решат веднаш и додаде дека законодавците од Претставничкиот дом и Сенатот треба напорно да работат пред рокот од 2-ри август поставен од Одделот за финансии со цел да се избегне неможност за плаќање на федералните рати од заемите.

„Ништо не е сигурно додека не биде постигнат договор. Двете страни се` уште имаат различни позиции за одредени прашања. Но, лидерите од двете партии разговараа во духот на компромис и решавање на проблемите во име на американскиот народ“, рече Обама.

Претседателот рече дека Белата куќа и конгресниот персонал ќе работат за време на викендот и во недела ќе почнат, како што рече, „тешките преговори“ за постигнување договор.

Обама претходно сигнализираше дека верува оти има услови за постигнување поширок пакет за буџетски дефицит. Во него може да биде вклучено скратување на 4 трилиони долари во следните 10 години.

Белата куќа објави дека во планот може да бидат вклучени штедења во владините програми за здравствена заштита и помош за посиромашните постари Американци, за што демократските законодавци наголемо негодуваат, како и намалување на растечките трошоци во системот за социјално осигурување.

Претходно, спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер ги означи како особено важни краткорочните и долгорочните проблеми за задолженоста, но оти тој и други републиканци го подвлекуваат противењето на зголемувањето на даноците и укинување на одредени бенефиции за богатите Американци:

„Нема да ги зголемиме даноците за американскиот народ. Нема да ги зголемиме даноците за граѓаните од кои очекуваме дека ќе ги реинвестираат средствата во нашата економија и ќе помогнат во отварање нови работни места“, истакна Бонер.

На крајот, сепак, во компромисот ќе бидат вклучени елементи од предлогот на Обама, од демократите и републиканците, како и од препораките од двете меѓупартиски независни комисии.

Во соопштение во четвртокот, ко-претседавачот со еден од двата панели, Алис Ривлин и поранешниот сенатор Пит Доменичи, ги повика законодавците да го „остават настрана партискиот театар“ и да постигнат договор.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни за новинарите изјави дека на крајот мора да се постигне компромис пред 2-ри август и дека „разговорите се во финалната фаза“

XS
SM
MD
LG