Линкови за пристапност

Обама ќе гo притисне кинескиот колега за кибернетските напади


На неформалниот самит во Калифорнија подоцна неделава, најави претставник на Белата куќа.

Претседателот Барак Обама ќе заземе енергичен став против кибернетските напади од Кина за време на неформалниот самит со кинескиот колега Ши Џинпинг, што ќе се одржи подоцна неделава, најави претставник на Белата куќа.

Обама наводно ќе порача дека Вашингтон ја смета за одговорна кинеската влада за каков и да е` хакерски напад што доаѓа од Кина. Претставникот, кој сакаше да остане анонимен, најави и дека Обама ќе ја повика Кина да преземе мерки и да го запре обемното крадење на американски армиски и деловни тајни, опишано во детали во бројни владини и приватни извештаи.

Обете страни се надеваат на релативно релаксиран дводневен самит што ќе започне во петок во луксузно одморалиште во Калифорнија, а чија цел е да ја намали напнатоста во односите на двете најголеми економски сили во светот. Па сепак, не се очекува првите луѓе на САД Кина да најдат заеднички јазик за кибернетските напади, прашање што се` повеќе ги обременува билатералните односи.
XS
SM
MD
LG