Американскиот претседател Барак Обама во свое име и во име на сопругата Мишел синоќа упати божиќна честитка до православните христијани во САД и светот, посакувајќи им „благословен и весел“ празник.
Сепак, американскиот претседател во неа забележува дека „во оваа сезона на мир и здруженост, со жалење видовме дека, ширум светот, некои православни заедници искусуваат тешки времиња и неизвесна иднина. Ја подвлекуваме заложбата на САД да промовираат слобода на вероисповедта што е втемелена во Универзалната декларација на човековите права и што е вродено право на секоја единка, каде и да е во светот“.
Обама во кусото соопштение од Белата куќа се приклучува на православната заедница во прославата и во молитвите за поголем мир и правда во светот.