Линкови за пристапност

Првата дама го повика Конгресот да усвои закон за поздрави оброци во училиштата


Првата дама го повика Конгресот да усвои закон за поздрави оброци во училиштата
Првата дама го повика Конгресот да усвои закон за поздрави оброци во училиштата

Законот ќе бара од училиштата во оброците да содржат повеќе овошје, зеленчук и житарки, а да се намалат маснотиите и солта

Првата дама Мишел Обама се залага Конгресот да го усвои законот за правилна исхрана на децата што е можно поскоро со цел „фундаментално“ да се променат училишните оброци.

Во напис во понеделничкото издание на Вашингтон Пост, Мишел Обама вели дека законот ќе им овозможи на десетина милиони деца да добијат хранливи оброци што ќе им помогне и во учењето.

Законот ќе бара од училиштата во оброците да содржат повеќе овошје, зеленчук и житарки, а да се намалат маснотиите и солта.

Обама во Вашингтон Пост напиша дека едно на три деца во оваа земја или има прекумерна телесна тежина или е на пат да стане гојазно. Таа стапка е уште поизразена меѓу Афроамериканците, Хиспанците и домородните Американци.

Во охрабрувањето на Конгресот да го усвои законот, Мишел Обама рече дека „просперитетот на нашата нација зависи од здравјето и виталноста на следната генерација“.

XS
SM
MD
LG