Линкови за пристапност

Обама го потпишa законот за финансиски реформи


Владини претставници наведуваат дека законот претставува најголема промена во финансиските регулативи во САД уште од времето на Големата депресија во 1930-те

Американскиот претседател Барак Обама средата го потпиша законот за коренити реформи на американските финансиски регулативи, ветувајќи крај на рискантните пракси што ја предизвикаа финансиската криза.

Обама стави потпис на документот на церемонија на која присуствуваа 400-тина законодавци, официјални лица, банкари и обични Американци.

Претседателот ги нарече новите мерки најсилна заштита на правата на потрошувачите во историјата и истакна дека банките и другите финансиски институции ќе треба да се натпреваруваат за ги придобијат муштериите врз база на квалитетот на продуктите, наместо, како што рече, со „трикови и замки“.

Обама рече и дека промените ќе помогнат да се стави крај на потребата со пари од даночните обврзници да се спасуваат финансиски корпорации на работ на колапс.

Владини претставници наведуваат дека законот претставува најголема промена во финансиските регулативи во САД уште од времето на Големата депресија во 1930-те.

Опозиционите републиканци се изјаснија против законот и тврдат дека само ќе наштети на економијата, ќе ја зголеми владината моќ и нема да ги заштити даночните обврзници.

Новиот закон на владата ќе и` дозволи да ги затвора проблематичните финансиски институции доколку се толку големи што нивното евентуално пропаѓање би и`наштетило на економијата. Меѓу другите новини, банките ќе бидат обврзани да имаат на располагање поголема сума во готово за да ги покријат потенцијалните загуби од несоодветни инвестиции и трансакции. Законот налага и отворање на нова агенција за заштита на потрошувачите.

XS
SM
MD
LG