Линкови за пристапност

Прва средба Обама-Нетанјаху од март


На средбата Обама-Нетанјаху во март не беше дозволено снимање.

Американскиот претседател Барак Обама се среќава со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во Белата куќа, за дискусии по мировните напори и регионалната безбедност.

Нетанјаху рече дека главна цел на неговата посета е обезбедување американска поддршка за отвањето на директните мировни разговори со Палестинците.

Израелскиот лидер последен пат го посети Вашингтон во март, кусо време откако Израел најави планови за изградба на 1600 нови домови за еврејски доселеници во претежно арапски дел од Источен Ерусалим.

Американски официјални лица го критикуваа Израел за чекорот, кој се совпадна со посетата на потпретседателот Џо Бајден на Израел.

На средбата Обама-Нетанјаху во март не беше дозволено снимање. Овојпат, телевизиски камери и други медиуми ќе можат да го проследат настанот во Белата куќа, а двајцата лидери ќе дадат изјави.

XS
SM
MD
LG