Линкови за пристапност

Обама бара сеопфатна реформа на имиграционите закони


Обама бара сеопфатна реформа на имиграционите закони
Обама бара сеопфатна реформа на имиграционите закони

„Накусо, системот не функционира - секој го знае тоа“, резимираше првиот човек на САД

Американскиот претседател го повика Конгресот да ги надмине партиските поделби и да го поправи имиграциониот систем во САД. Барак Обама рече дека неусвојувањето на законот само дополнително ќе го влоши проблемот со илегалните имигранти.

Не функционира и опасен - така Обама го опиша имиграциониот систем, а за границите кажа дека се предолги за проблемот да се реши со подигање нови огради.

„Накусо, системот не функционира - секој го знае тоа“, резимираше првиот човек на САД.

Во првиот поглавен говор на темата откако стана претседател, Обама побара коренита реформа на имиграционата политика. Се осврна и на контроверзниот закон на ниво на сојузната држава Аризона, што на полицијата и` овозможува да документира лица доколку претпоставува дека се илегални имигранти. Обама кажа дека неактивноста на национално ниво довела до овој закон за кој смета дека не е добар. Законот беше дочекан со протести ширум земјата; па сепак, анкетите покажуваат дека мнозинството испитаници го поддржуваат.

Обама бара сеопфатно решение. Се обиде да ги увери оние со потврд став кон имиграцијата дека не поддржува автоматска амнестија за илегалните имигранти.

„Без оглед на причините, 11-те милиони кои го прекршиле законот, треба да се одговорни за тоа“, кажа Обама.

Но, ги увери и про-имигрантските организации дека не планира рации и депортација.

„Такво нешто логистички е невозможно, а и скапо. Згора на се, ќе го раскине самото национално ткиво“ реагираше американскиот претседател.

Го повика Конгресот да покаже политичка храброст и да се справи со проблемот. И покрај барањето, многумина во Конгресот се надеваат на реизбор на изборите во ноември, така што прашањето најверојатно нема да дојде на дневен ред годинава.

XS
SM
MD
LG