Линкови за пристапност

Медведев во Белата куќа


Медведев во Белата куќа

Рускиот претседател се обидува да помогне во модернизирање на домашната економија, која е зависна од нафта.

Рускиот претседател Дмитри Медведев четвртокот беше гостин во Белата куќа на американскиот колега Барак Обама, на вториот ден од тридневната посета на САД.

Според најавите на американски претставници, акцентот на разговорите на Обама и Медведев е на начините за зголемување на соработката во областа на трговијата и инвестициите.

Претседателот Медведев вчера го мина денот во Силиконската долина во Калифорнија – седиште на бројни компании од секторот на висока технологија. Медведев се сретна со првите луѓе на Епл, Сиско, Гугл и Твитер.

Рускиот претседател се обидува да помогне во модернизирање на домашната економија, која е зависна од нафта. Тој обезбеди инвестиција од една милијарда долари од Сиско и отвори свој профил на популарната Интернет страница за дружење Твитер.

Медведев и Обама од Вашингтон ќе заминат за Канада, на Самитот на најразвиените индустриски земји во светот - Групите Г8 и Г-20.

XS
SM
MD
LG