Линкови за пристапност

Обама го прогласи 11-ти септември за „Ден на служба“


Обама го прогласи 11-ти септември за „Ден на служба“
Обама го прогласи 11-ти септември за „Ден на служба“

Американскиот претседател ќе ја одбележи годишнината од 11-ти септември 2001-ва во сабота во Пентагон, едно од местата на нападите

Американскиот претседател Барак Обама ги повика Американците да се обединат во служба на својата земја и помагајќи си меѓусебно за време на одбележувањето на 9-тата годишнина од терористичките напади од 2001-та.

Обама го прогласи 11-ти септември за национален ден на служба и сеќавање. На прес-конференцијата во Белата куќа петокот, тој истакна дека годишнината не треба само да биде посветена на „болката“ од нападите, туку дека треба да се одбележат и „трајните вредности и нескршливиот дух“ на САД.

Американскиот претседател ќе ја одбележи годишнината од 11-ти септември 2001-ва во сабота во Пентагон, едно од местата на нападите.

Ширум САД ќе се одржат комеморации во чест на речиси трите илјади загинати.

XS
SM
MD
LG