Линкови за пристапност

Обама промовира политика на чиста енергија


Обама промовира политика на чиста енергија
Обама промовира политика на чиста енергија

„Светол извор“, ќе користи сончеви зраци за обезбедување енергија за над 140.000 домови и ќе обезбеди работа за околу 1.000 луѓе

Во неделното обраќање до нацијата, американскиот претседател Барак Обама кажа дека нема сектор во американската економија што повеќе ветува нови работни места отколку чистата енергија.

Претседателот рече дека неговата администрација направила историска заложба за развивање технологија за чиста енергија и како пример ја истакна новата соларна постројка изградена месецов во западната сојузна држава Калифорнија.

Откако ќе биде целосно комплетирана, централата која нема да го загадува воздухот и се нарекува „Светол извор“, ќе користи сончеви зраци за обезбедување енергија за над 140.000 домови и ќе обезбеди работа за околу 1.000 луѓе.

Но, претседателот Обама предупреди дека доколку републиканците ја преземат контролата во Конгресот, тие планираат да ги запрат иницијативите за проекти за чиста енергија, што според него, нема логика:

„Да одиш чекор назад, да ги запреш овие планови, тоа значи да им дадеш предност на конкурентите како Кина и други нации. Тоа значи дека ние ќе станеме уште позависни од странска нафта. И во вакви тешки економски времиња, тоа значи намалување на бројката работни места, кои ни се очајно потребни. Всушност, да згасне само еден ваков проект, би не` чинело околу 1.000 работни места, предупреди Обама.

Во меѓувреме, во своето неделното обраќање, републиканците ги обвинија Обама и демократите во Конгресот дека не сториле доволно да ги заштитат работните места кои веќе постојат. Лидерот на малцинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел од Кентаки, рече дека демократските лидери имале седница во Конгресот без да усвојат легислатива која ќе обозможи продолжување на кратењето на даноците, усвоено уште во времето на поранешниот претседател Џорџ Буш, чекор за кој рече дека ќе значи закана за порастот на бројот на новоотворени работни места.

„По неуспешниот закон за стимулирање на економијата и законот за здравствена заштита под закрила на владата, тие сакаат уште. Затоа како заложник ја држат средната класа во Америка во нивната намера да ги оданочат креирачите на работни места среде рецесија“, обвини Меконел.

Демократите велат дека Меконел се залага за привилегии како намалување на даноците, но само за богатите Американци.

XS
SM
MD
LG