Линкови за пристапност

Скоро еден од пет Американци сметаат дека Обама е Муслиман


Според истражувањето, испитаниците кои веруваат дека Барак Обама е муслиман во огромен дел не го поддржуваат начинот на кој ја извршува функцијата

Според анкета на Истражувачкиот центар Пју, 18 проценти од Американците имаат погрешно уверување дека претседателот Барак Обама е Муслиман. Ова претставува пораст од порано, иако претседателот практикува христијанство и ја има обелоденето својата вероисповед во јавноста.

Според истражувањето, испитаниците кои веруваат дека Барак Обама е муслиман во огромен дел не го поддржуваат начинот на кој ја извршува функцијата.

Негова вероисповед долго време беше мета на озборувања по интернет. Во време кога се кандидираше за претседател на САД, неговите зломисленици повремено го истакнуваа значењето на неговото средно име Хусеин.

XS
SM
MD
LG