Линкови за пристапност

САД: Нуклеарните постројки безбедни, но потребни се реформи


САД: Нуклеарните постројки безбедни, но потребни се реформи
САД: Нуклеарните постројки безбедни, но потребни се реформи

Нов извештај советува имплементирање на повисоки безбедносни стандарди

Нуклеарните постројки во САД не претставуваат итна закана за безбедноста на јавноста, но се сугерираат реформи со цел да се подготви план за постапување при неочекувани катастрофи по примерот на нуклеарната катастрофа во Јапонија, посочуваат безбедносни експерти.

Во извештајот до американската нуклеарна регуларна комисија, група безбедносни експерти препорачуваат 104-те нуклеарни постројки да имплементираат повисоки безбедносни стандарди при несреќи на нукеларни централи. Тримесечната истрага покажа дека некои објекти не биле изградени да издржат природни катастрофи, како земјотреси и поплави.

Извештајот вели дека е потребно подобрување на резервните капацитети за напојување со енергија при пролонгирано губење на електрична енергија. Исто така се повикува на засилување на мерките за резервно доставување на вода со кој би се ладеле реакторите во ситуација на хаварија.

Тимот на експерти од областа на безбедноста беше формиран по несреќата во централата Фукушима во Јапонија, откако протекува радијација во воздух, на земја и во море од страотниот земјотрес и последователното цунами на 11-ти март. По природната непогода беше погоден системот за ладење што доведе до откажување на трите реактори.

Инцидентот е најголема нуклеарна криза во светот од несреќата во Чернобил во 1986-та.

XS
SM
MD
LG