Линкови за пристапност

САД го оспоруваат написот во Ле Монд


„Содржи неточни и залажувачки за активностите на американското разузнавање во странство“, вели директорот на националното разузнавање, Џејмс Клапер.

Владата на претседателот Обама отфрли дел од наводите објавени во Ле Монд за американските разузнавачки операции во Франција, во време кога Вашингтон се соочува со жестоки критики за новите твердења дека ги шпионирал сојузниците.

Директорот на американското разузнавање Џејмс Клапер доцна синоќа издаде соопштение во кое стои дека извештајот во францускиот весник „содржи неточни и залажувачки за активностите на американското разузнавање во странство“.

Клапер вели дека написот објавен понеделникот во Ле Монд, во кој се тврди дека Агенцијата за национално разузнавање (НСА) собрала телефонски и електронски податоци од преку 70 милиони француски државјани, е неточен. Тој додава дека разузнавачките информации што САД ги собираат се од истиот вид кој го собираат сите други земји во нивната борба против тероризмот и другите закани.

Во меѓувреме, Мексико спроведува истрага дали Вашингтон го шпионирал претседателот Енрике Пена Нието, пред да биде избран на функцијата, и неговиот претходник, Филипе Калдерон.

Германскиот неделник Шпигел во неделата објави дека НСА почнала да упаѓа во електронската пошта на мексикански официјални лица на почетокот на мај 2010-та.
XS
SM
MD
LG