Северна Кореја ја повлече поканата за американскиот пратеник што во Пјонгјанг требаше да разговара за ослободување на мисионерот Кенет Бе, осуден на 15 години затвор, по обвинение дека се обидел да ја смени власта.
Стручњакот на Стејт департментот за проблемите со човековите права во Северна Кореја, Роберт Кинг, требаше наскоро да го посети Пјонгјанг. Но, во неделата оттаму стаса вест дека поканата е повлечена. Засега е нејасна причината. Па сепак, во Пјонгјанг денес пристигна друга делегација, на чело со поранешниот амбасадор во Сеул, Доналд Грег, по покана на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки ја повика Северна Кореја да му даде на Кенет Бе посебна амнестија и итно да го ослободи, како хуманитарен гест, за да може да му биде укажана итна медицинска нега.