Линкови за пристапност

Јужна Кореја: Пјонгјанг значително напреднал во развивањето на нуклеарното оружје


Проценката е објавена во „бела книга“ на Министерството за одбрана на Јужна Кореја

Министерството за одбрана на Јужна Кореја изјави дека Северна Кореја изгледа дека постигнала „значително“ ниво на технологија за минијатурна нуклеарната направа, која може да се стави на врв од проектил.

Министерстото ја објави веста во „бела книга“ претставена во јавност во вторник. Таму стои дека Северна Кореја се` уште не ја демонстрирала можноста на минијатурната направа.

Се верува дека Северна Кореја има капацитет да развие проектили кои би можеле да стигнат до главното копно на САД. Северот изведе неколку тестови на проектили со долг дострел.

Јужнокорејската агенција Јонхап цитираше неименуван претставник на одбраната кој рекол дека Северот најверојатно го зголемил дострелот на еден од нивните проектили од 7.000 на 10.000 километри, но дека нема докази оти Пјонгјанг ги таквите проектили во функција.

XS
SM
MD
LG