Линкови за пристапност

Северна Кореја ја покажа ракетата за лансирање


САД и Јужна Кореја тврдат дека ќе биде извршено тестирање на балистички проектили, Пјонгјанг негира.

Севернокорејски официјални лица направија преседан во неделата и` им дозволија на странските новинари да ја видат ракетата, која и покрај противењето на САД и Јужна Кореја, е подготвена да се лансира неделава.

Ракетата беше регистрирана од јужнокорејски разузнавачки фотографии, до кои дојде и Гласот на Америка, и кои сугерираат дека се работи за подготвување на севернокорејски нуклеарен тест.

Репортерите јавија дека сите три фази на подготовка на ракетата Унха-3 биле спроведени на вселенската постројка на западниот брег. На новинарите им бил покажан и командниот центар, каде техничари во бели мантили работеле на компјутерски терминали.

Официјален Пјонгјанг тврди дека ракетата ќе биде лансирана меѓу 12 и 16-ти април и ќе носи со себе сателит за временска прогноза, но САД и Јужна Кореја велат дека ќе биде извршено тестирање на балистички проектили.

XS
SM
MD
LG