Линкови за пристапност

САД најавија нови санкции против Северна Кореја


САД најавија нови санкции против Северна Кореја
САД најавија нови санкции против Северна Кореја

САД и Јужна Кореја издадоа и заедничко соопштение предупредувајќи го Пјонгјанг на „сериозни последици“ доколку преземе натамошни потези на агресија против Сеул

САД воведуваат нова рунда економски санкции против Северна Кореја, зголемувајќи го притисокот врз изолираниот режим на земјата во врска со попопувањето на јужнокорејски воен брод што однесе човечки животи.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ги најави санкциите средата во Сеул, откако заедно со секретарот за одбрана Роберт Гејтс имаше средба со јужнорејските колеги, министерот за надворешни работи Ју Мјунг-хван и министерот за одбрана Ким Тае-јанг.

Клинтон кажа дека новите санкции имаат за цел да се спречат „незаконските активности“ на властите на Северна Кореја, вклучувајќи ја трговијата со оружје и луксузни добра што ја финансираат нуклеарната програма. Клинтон подвлече дека санкциите не се насочени против народот на Северна Кореја.

САД и Јужна Кореја издадоа и заедничко соопштение предупредувајќи го Пјонгјанг на „сериозни последици“ доколку преземе натамошни потези на агресија против Сеул. Сојузниците ја повикаа Северна Кореја да преземе одговорност за потопувањето на воениот брод Чеонан на 26-ти март, кога загинаа 46. Меѓународна истрага утврди дека било истрелано торпедо од севернокорејска подморница - обвинување што Пјонгјанг категорично го негира.

XS
SM
MD
LG