Северна Кореја соопшти дека се повлекува од армиските договори со Јужна Кореја наменети за спречување на погранични судири. Ова се случува во време на затегнати односи меѓу двете земји поради потопувањето на јужнокорејски воен брод.
Државната севернокорејска агенција соопшти дека земјата го поништува пактот за избегнување на случајни поморски битки долж спорната западна морска граница. Соопштението предупредува дека јужнокорејските бродови што ќе ја минат спорната граница, во истиот момент ризикуваат да бидат нападнати.
Северна Кореја се повлече и од безбедносните гаранции за Јужнокорејците кои ќе ја минат интензивно милитаризираната копнена граница.
Официјален Пјонгјанг налутено реагираше на санкциите што Јужна Кореја ги воспостави поради потонувањето на бродот Чеонан во напад со торпедо во март, при што загинаа 46 морнари. Меѓународната истрага обвини севенокорејска подморница за нападот. Пјонгјанг го порекнува тврдењето.
Јужнокорејската армија, во маневар за покажување на сила, вторникот одржа специјализирана воена вежба против поднорници во водите јужно од спорната граница.