Линкови за пристапност

Северна Кореја се закани со воена акција против Јужна Кореја во спорните води


Напнатоста меѓу двете земји нарасна откако во март со торпедо беше потопен јужнокорејски воен брод

Северна Кореја се закани дека ќе преземе воена акција доколку Јужна Кореја мине низ нејзини води во близина на западниот брег на Корејскиот Полустров.

Напнатоста меѓу двете земји нарасна откако во март со торпедо беше потопен јужнокорејски воен брод. Група меѓународни истражители минатата недела донесе заклучок дека торпедото било истрелано од севернокорејска подморница. Официјален Пјонгјанг го отфрли тврдењето.

Јужна Кореја се подготвува да продолжи со емитување на пропаганда во Северна Кореја и покрај заканите од властите во Пјонгјанг дека ќе отвори оган и ќе ги уништи звучниците доколку Сеул започне емитување на антикомунистичка пропаганда.

Емитувањето е дел од серијата санкции што ги најави јужнокорејскиот претседател Ли Мунг-бак поради потопувањето на јужнокорејскиот воен брод. Другите мерки вклучуваат замрзнување на меѓукорејската трговска размена и затворање на јужнокорејските поморски води за северенокорејските трговски бродови.

XS
SM
MD
LG