Линкови за пристапност

3-Д игрите штетни за помладите деца, предупредува Нинтендо


3-Д игрите штетни за помладите деца, предупредува Нинтендо
3-Д игрите штетни за помладите деца, предупредува Нинтендо

Лекарите велат дека поголемиот број часови минати пред телевизор со 3Д конфигурација може да ги попречи мозочните активности како да се фокусираат очите

Производителот на електронски игри Нинтендо предупреди дека децата под шест години не треба да користат конзоли со игри во тридимензионална техника затоа што подолгото време минато пред екранот би можело да им наштети на очите.

Во соопштение на Интернет-страницата на компанијата, Нинтендо наведува дека на децата под шестгодишна возраст ќе им дава традиционални, 2-Д направи за време на тридневната бесплатна проба на новата конзола што започнува на 8-ми јануари. Оваа конзола, која за прв пат нуди игри во 3Д без специјални очила, ќе почне да се продава на 26-ти февруари во Јапонија, а во март и во САД, Европа и Австралија.

Лекарите велат дека поголемиот број часови минати пред телевизор со 3Д конфигурација може да ги попречи мозочните активности како да се фокусираат очите.

Нинтендо препорачува и повозрасните играчи да земаат по пауза на секои 30 минути, а и да прекинат со играње доколку почуствуваат непријатност во очите.

XS
SM
MD
LG