Линкови за пристапност

Метју Нимиц: отворени дискуии, без решение


„Опсегот на употреба“ - прашање околу кое се кршат копјата во врска со априлскиот пакет, кажа поредникот на ОН по дводневните средби во Њујорк.

Со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис покрај себе, специјалниот посредник на ОН Метју Нимиц денес даде изјава за новинарите по денешната двочасовна заедничка средба за преговорите за името во Њујорк. На оваа, како и на вчерашните одвоени средби, Нимиц соопшти дека разговарале за деталите од пакетот што го предложи при последните посети на Скопје и Атина во април.

Нимиц брифираше дека разговарале за неколку клучни отворени прашања и како да приближат двете страни.

Моето гледиште е дека има добри идеи на масата, но се` уште постојат сериозни разлики меѓу двете страни
Метју Нимиц
„Имавме отворени дискусии. Не можам да кажам дека дојдовме до решение, но ќе го бараме. Моето гледиште е дека има добри идеи на масата, но се` уште постојат сериозни разлики меѓу двете страни. Не можеме да го негираме тоа“, рече Нимиц, кој најави и дека ќе разговара со обете страни за наредние чекори, но се`уште не одлучил какви ќе бидат тие.


Нимиц призна дека владите и во Скопје, и Атина, имале проблем со дел од неговиот априлски пакет. Една од забелешките била за, како што кажа, „опсегот на употреба“, односно, доколку се стаса до одредено решение за името, како и каде би се користело тоа име.

Прашан за евентуален притисок од Вашингтон и Брисел врз Скопје и Атина за решение за името, Нимиц рече дека секогаш поттикнува на позивно влијание врз процесот.
XS
SM
MD
LG