Линкови за пристапност

Во НФЛ расправа за нелегални удари во американскиот фудбал


Во НФЛ расправа за нелегални удари во американскиот фудбал
Во НФЛ расправа за нелегални удари во американскиот фудбал

Американскиот фудбал е насилен спорт. Обожувателите се восхитуваат на грубите удари, а телевизиите ги повторуваат снимките. Но, дали некои од ударите се опасни

Со подобрените тренинзи и напредокот во спортската наука, американските фудбалери се подобри, посилни, побрзи и пожестоки од било кога.

Со децении, националната фудбалска лига НФЛ е арена на која доаѓаат илјадници обожаватели на стадионите во земјата и уште милиони гледачи следат на телевизија натпревари во неделите. Но, изминатите години Лигата стана позагрижена дека некои удари се премногу опасни.

Пред две недели, неколку удари на шлем во шлем оставија играчи во бесознание на теренот. Иако за некои од ударите, играчите беа казнети поради прегруба игра, други не добија укор со образложение дека таква е природата на спортот. Но, со зголемувањето на бројката на повредени играчи, првите луѓе на Лигата презедоа чекори кои ќе помогнат во спречување опасните удари во глава.

Играчот од Питсбург Стилерс Џејмс Харисон беше казнет со 75.000 долари за повторителни груби удари. Тој се закани дека ќе се пензионира и казната ја нарече „нефер“.

Актуелниот аналитичар на спортскиот канал ЕСПН и поранешен одбранбен играч Марк Шлерет додава дека многу работи кои се случуваат на теренот се инстиктивни:

„Се работи за реакција. Играчите се брзи, силни и се ` се случува за момент. Тие велат – мора да го сопрам играчот, и тоа и го прават.“

Но, од НФЛ и некои играчи велат дека најдобар интерес за сите играчи е да се ограничат одредени типови на удари. Тие велат дека лигата се обидува да ги заштити играчите и оти некои насилни удари не се неопходни.

Иако не е возможно да се елиминираат сите удари шлем на шлем, од НФЛ велат дека новите правила ќе ги одвратат играчите да применуваат груби удари кога ќе можат.

XS
SM
MD
LG